Македонија домаќин на младинскиот Светски шампионат

Македонија, а особено градот Скопје, ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. Ракометната федерација на Македонија доби чест да ја организира младинската Светска првенство, кое е планирано да се одржи од 23 јуни до 4 јули 2027 година.

На ова престижно натпреварување ќе учествуваат најдобрите млади ракометари до 21 година од сите краеви на светот, а Македонија и Скопје ќе бидат повторно во центарот на светската ракометна сцена.

„Ракометната федерација на Македонија продолжува да работи посветено на развојот и промоцијата на ракометот, како и на претставувањето на Македонија како домаќин на значајни меѓународни спортски настани“, истакнуваат од федерацијата.

Исто така, се изразува благодарност до Меѓународната ракометна федерација за довербата и можноста Македонија повторно да биде домаќин на еден ваков важен светски турнир“, се вели во нивната објава.