Во конкуренција од шест финалисти: Ford Mondeo, Mercedes C-класа, Nissan Qashqai, Toyota Aygo, Renault Twingo и Volkswagen Passat, кои рамноправно конкурираа во трката за титулата, Националното жири одлучи престижната награда да ја додели на претставникот на Синиот овал.
Ford Mondeo во годинашниов избор стигна до тронот со три гласа од жирито, два доби осмата генерација на Volkswagen Passat и еден Nissan Qashqai. За достигнувања во полето на технологијата, односно за претставувањето на првиот plug-in модел на овие простори, жирито одлучи да му додели специјална награда на Мitsubishi Outlander PHEV.
Изборот на Автомобил на годината во Македонија се организира по 20-ти јубилеен пат, потврда дека и ние сме дел од оној беспрекорно организиран свет што се тркала. Вредно е да се напомене дека онаа блескава статуетка во вид на маска на ладилник, заштитен знак на манифестацијата, ги краси витрините на најреномираните светски производители, кои се горди на оствареното во нашата земја. За прв пат во дведеценискиот избор тутулата се доделува на едно Фордово издание, односно ќе ја добие една генерација на Mondeo.
Ford Mondeo им се придружи на досегашните победници: Fiat Bravo/Brava во 1996 година, Renault Megane 1997, Opel Astra 1998, Škoda Octavia 1999, Fiat Punto 2000, Seat Leon 2001, Toyota Corolla 2002, Mazda 6 2003, Mazda 3 2004, Seat Altea 2005, Vplkswagen Passat 2006, Opel Corsa 2007, Kia Cee`d 2008, Volksvagen Golf VI 2009, Opel Astra IV 2010 и Hyundai iX35 2011, Кia Rio 2012, Seat Leon 2013 и Škoda Octavia 2014.