Македонија поразена во САД

Македонската кошаркарска репрезентација забележа пораз од 81-79 на првиот од двата контролни натпревари против комбиниран состав на универзитетски кошаркари од САД.

Избраниците на Марјан Лазовски имале минимална предност од 36-35 на полувреме од овој натпревар, но македонските кошаркари потклекнале во самата завршница, губејќи го дуелот со само два поени разлика. Тодор Гечевски со 21 поен бил најпрецизен во составот на македонскиот национален тим, со што искусниот центар веќе на првиот подготвителен меч покажал дека ќе биде еден од предводниците на репрезентацијата на предолимпискиот турнир во Венецуела.

Со добра игра се истакнал и Војдан Стојановски (14 поени), додека новиот капитен Предраг Самарџиски го завршил мечот со 13 поени. Македонската репрезентација денес ќе одигра уште еден контролен дуел со истиот противник, по што црвено-жолтата експедиција патува за Сан Хуан, каде ќе ги игра двете последни контролни средби против селекцијата на Порторико.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
- Реклама -