Македонија со две ракометни екипи во Лига Европа

Македонија во Лигата Европа

Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ги објави составите на екипите кои ќе учествуваат во новата сезона на Лигата Европа. Нашата земја, Македонија, ќе ја претставуваат Вардар и Алкалоид во второто по ранг натпреварување на ЕХФ.

„Црвено-црните“ ќе стартуваат директно во групите, заедно со уште 19 тимови. Алкалоид, како освојувач на Европскиот куп, доби „вајлд карта“ за учество во Лигата Европа и е класифициран во вториот „шешир“ за квалификациите, каде учествуваат вкупно 24 екипи.

Жењето на групите е закажано за 18. јули, а натпреварите во самите групи започнуваат на 14. октомври. Двојките од квалификациите ќе бидат објавени на 15. јули, а натпреварите ќе се одржат на 30. август и 7. септември.