Македонија убивала Бугари во концентрациони логори, тврди Радев

„Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михајлов е човекот кој одбил Хитлер да ја вовлече Македонија во братоубиствена војна со Бугарија“, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

„Не Иван Михајлов, туку други луѓе, по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убија и испратија десетици илјади во концентрационите логори, само затоа што решија да продолжат да се нарекуваат Бугари. Ова е вистински фашизам“, смета Радев.

Како што јави дописникот на МИА, според Радев, време е „антибугарската идеологија која се врти во Република Северна Македонија и очигледно намерно ги труе билатералните односи и намерно го поткопува патот на земјата кон Европската Унија“ да остане во минатото.

Прочитајте и:  Николоски: Ако сработиме добро со Франција, дипломатски тешкаш за едно попладне во Софија би го решил проблемот

„Обидот на политичарите во Република Северна Македонија да изградат идентитет врз основа на фалсификатите на Комунистичката интернационала, а не на историската вистина е спротивно на интересите на граѓаните на Република Северна Македонија кои навистина сакаат членство во ЕУ“, рече во изјава за новинарите бугарскиот претседател Радев.

МИА

- Реклама -