Македонска премиера за Setra S 515 HD

По дебито на еден претставник од серијата ComfortClass 500, автобусот за минатата година во Европа, на еден од најреномираните производители на автобуси Setra, импортерот МакАутоСтар ни претстави уште едно негово поново остварување.

 

Оваа изведба на Setra, моделот S 515 HD е со должина од 12,3 метри. Луксузниот автобус може да превезе до 49 патници, а предводникот на Setra е опремен со новата линија шестцилиндерски мотори Euro VI од серијата OM 470 (425 КС) и има голем број на нови технолошки решенија. Овие достигнувања вклучуваат карактеристики како LED внатрешно осветлување, мултимедијален систем, би-ксенонски фарови, адаптивна контрола на крстарење, старт-стоп функција, системот Attention Assist и новиот состав за следење на притисокот на гумите. Нови се материјалите за внатрешноста, како и на седиштето на возачот и туристички водич, а затемнети се и сите стакла.

Во врска со новата аеродинамика во задниот дел се случиле некои промени кои довеле до коефициент на отпор од 0.33, бројка која од неодамна се смета за несфатлива во овој сегмент. Новиот кокпит е опремен и со бројни места за дополнителен багаж и касетата за чување на предмети. Во центарот на обновената кабина е позициониран високо квалитетен колор дисплеј со висока резолуција. Друга новина се копчињата на управувачот со подобрена функционалност, овозможувајќи намалувањето на бројот клучеви на таблата со инструменти.

Моторот е вертикално поставен, шестцилиндерски и е од моделот палета OM 470. Тој е со зафатнина од 10,7 литри, развива 315 kW (425 КС) при 1.800 вртежи во минута и достигнува максимален вртежен момент од 2100 Nm при 1100 вртежи во минута. Моторот користи единствен common rail систем X-PULSE за вбризгување со бустер притисок, што овозможува исклучително прецизно вшприцување на горивото во цилиндрите во конкретни фази од работата на агрегатот. Притисокот на вбризгување достигнува 2100 бари. Тоа е предуслов за ниска потрошувачка на гориво, намалена емисија на издувни гасови и непречено функционирање на моторот.

– Ова беше исклучителна можност да видиме еден претставник од гамата која ги освојува патиштата низ светот на свој начин. Во повеќе сесии моделот ќе биде претставен на новинарите и на заинтересираните клиенти и задоволство ми е што можам да кажам дека има голем интерес за истиот, чија цена е околу 280.000 евра, истакна Мијхајло Зогравски, одговорен за товарната програма во МакАутоСтар.

- Реклама -