Македонска ствар е…

53404[1]

Македонска ствар е сам да си ги поправаш шпоретот, бојлерот, колата, електричната инсталација, телевизорот, парните котли… а друг да ти ја поправа жената. 

Македонска ствар е да заработуваш два пати помалку отколку што трошиш. Така со години. 

Македонска ствар е да исплаќаш околу 42 апарати истовремено. Од кои користиш меѓу два и три.

Македонска ствар е да си купиш смартфон за 300 евра, а да потрошиш 80-тина за семеен одмор на море (плин за колата, храна од дома, стан на пријател и др.).

Македонска ствар е да се посереш во подрумот (кога си на 13ти кат), бидејќи си го изгубил клучот со врвката од врата (на еден пријател му се има случено 8 пати, сега работи во министерство).

Македонска ствар е да се прекачуваш од кај комшиите преку тераса на шести, за да не мораш да ја разбиваш бравата ако го имаш заборавено клучот на село во викендица. 

Македонска ствар е човек што не знае да си купи кафе од автомат да победи во натпревар по астрофизика.

Македонска ствар е човек кој не знае што се пишува одделно, а што споено, да стане заменик-министер за култура.

Македонска ствар е да се живее за петок (ноќните саати).

Македонска ствар е да слезеш до подрум за да ја преточиш зелката, а да се вратиш четири дена покасно ќутук пијан.

Македонска ствар е да не си прочитал две книги во животот, а  да си најдеш работа за 3.700 евра плата.

Македонска ствар е да си најпаметен човек на планетата (на IQ- тест), а да си невработена наставничка во Гостивар.

Македонска ствар е да знаеш да молзеш крава, но и да си во топ10 политичката елита.

Македонска ствар е да се ветува. Не е македонска ствар да се исполнува ветеното.

Македонска ствар е да се жалиш. Од сé. Цело време. За навек.

Македонска ствар е поправката на колата да чини повеќе од колата, но да ти ја одложуваат 18 пати. А кога ќе ја земеш да те испратат кај друг мајстор – “некој што е по тие работи”.

Македонска ствар е да го претепаш комшијата пред 42 соседи, а потоа сите да речат дека не виделе ништо, а потоа тепаниот да ги плаќа трошоците за изгубениот судски предмет и пак да си останете пријатели.

Македонска ствар е двајца браќа да не зборуваат 30 години, поради делба на орев и гробно место.

Македонска ствар е да внесуваш алкохол во установи.

Македонска ствар е да си исфрустриран што тебе душата не ти дава да крадеш на работното место, како другите.

Македонска ствар е да си купиш возачка, диплома, работно место, пратеник, плац за едно евро.

Македонска ствар е да го ризикуваш животот во мисии во Ирак и Авганистан, а парите да ги трошиш по кафани и спа центри.

Македонска ствар е двајца селани да претепаат тројца странски командоси. Или некој да претепа полицаец.

Македонска ствар е да се грижиш за своето дете додека да стане пензионер.

Македонска ствар е образованието да е обратно пропорционално на исходот – нуклеарен физичар продава сладолед, а тој со осмо врти печес хотели во тетовско.

Македонска ствар е да претепаш доктор од Брза помош што дошол да те спасува. А после и да се жалиш на лоша услуга. 

Македонска ствар е да користиш србизми. „Ствар“, на пример.

Македонска ствар е жена ти да те изневери со пола партија, да ти го земе станот, да поднесе барање за развод, судот да ѝ ги додели децата бидејќи ти нема да ги воспиташ правилно, а потоа да одлучи да ти ја земе целата плата за издршка на децата, кои не се ни твои.

Македонска ствар е да си пријавен на 4, а да работиш по 18 саата на ден, шест дена во неделата. И после години и години да се пензионираш со 7.000 пензија и да го помагаш син ти кој моментално нема работа, а има 4 деца.

Македонска ствар е да поткупуваш роднини за да се закачиш на добро работно мест. Ако не ти успее, македонска ствар е да го обвинуваш непотизмот на нечии туѓи роднини.

Македонска ствар е и да крадеш ствари од бугарски медиуми, а да ги објавуваш како тебе да ти текнале.

webcafe.bg

- Реклама -