Македонски шуми стојат зад видеото за вонземјаните од Штип

Видеото што изминативе денови предизвика многу контроверзи, сепак не пренесувало порака од вонземски посетители, туку е дел од вирална маркетинг кампања на ЈП Македонски шуми.

Според соопштението на официјалниот сајт на ЈП Македонски шуми, круговите во житото недалеку од Штип се дел од почетокот на новата ера во работењето на ова претпријатие, т.е. првично претставување на новото лого. Оттаму велат дека видеото направено од параглајдеристот било сосема неочекувано. Ние одлучивме да им веруваме.

{youtube}b3f_dLPkeuA{/youtube}

Оваа вирална кампања, која донесе огромен публицитет треба да ја подигне свеста кај граѓаните, за подобра грижа за нашата животна средина и особено за шумите, што се наше најголемо богатство. Оттаму доаѓа и новиот слоган на Македонски шуми – во партнерство со природата.

Прочитајте и:  Почна 39-тото издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип

via @Offnetmk

- Реклама -