Под мотото „Барај забава, а не Wi-Fi.” Дојче Телеком ја започнува својата меѓународна кампања „Travel & Surf“ која има за цел да ги промовира Travel & Surf пакетите, кои им овозможуваат на патниците да користат мобилен интернет во странство по фиксни цени, без да се плашат од неочекувани трошоци. Корисниците кои ќе активираат Travel & Surf пакет ќе можат да користат интернет на нивните мобилни апарати било кога и било каде, без да бараат Wi-Fi локација и веднаш да ги споделат важните моменти со своите најблиски.
„ Целта ни бешеда ги убедиме патниците дека треба да уживаат и да се забавуваат на својот заслужен одмор, а да не губат време во барање на Wi-Fi . Односно дека со Travel & Surf пакетите можат да имаат пристап до интернет седејќи на плажа, било каде, наместо да бараат Wi-Fi зони и својот одмор да го поминат во хотелска соба. Откријте го Travel & Surf – безгрижниот мобилен интернет и забавувајте се, објаснува Волфганг Кампбартолд, Потпретседател за Меѓународни маркетинг комуникации во Дојче Телеком.
Т-Мобиле Македонија на своите корисници им нуди неколку Travel & Surf пакети со различно времетраење и количина на интернет кои важат за повеќе држави во светот: Грција, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Словенија Австрија, Велика Британија, Германија, Италија, Швајцарија, Турција, Белгија, Чешка, Унгарија, Холандија, Полска, Словачка, САД, Шпанија, Франција, Израел, Ирска
Зависно од потребите постојат различни Travel & Surf пакети: 3-дневни, неделни или пак 10-дневни, почнувајќи од 149 денари. Travel & Surf пакетите овозможуваат целосна контрола на трошоците бидејќи по истекувањето на вклучената количина на сообраќај, интернет конекцијата автоматски се прекинува до истекот на валидноста на купениот пакет. Како резултат на тоа, при сурфањето во странство не се прават несакани трошоци.
Сите информации и детали за Travel & Surf пакетите за корисниците на Т-Мобиле Македонија се достапни на веб страницата t-mobile.mk