Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од Османи

Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од сите активности на министерот Османи и неговиот кабинет во врска со урнисувањето на угледот на македонската дипломатија околу францускиот предлог.

„Исто како и претходно во случајот со Преспанскиот договор, раководното малцинство во МНР како Преторијанска гарда го чуваше министерот од комуникација со дипломатите претворајќи го неговиот кабинет во феудална тврдина, со една цел – самостојно донесување одлуки без притоа предметите да поминат низ дипломатски филтри и обсервација“, се вели во соопштението.

Според синдикатот, не е вистина тврдењето Османи дека францускиот предлог бил предмет на анализа на најискусните дипломати.

„Предлогот вооопшто не е искомунициран со никого, освен можеби со најтесен круг на личните соработници на Османи. Споменувањето на инволвирање на ”искусните дипломати’ служи само како параван за избегнување на евентуалната одговорност за непрофесионалното и неспособно преговарање, кое беше сокриено од дипломатијата“, се вели во реакцијата.

- Реклама -