Македонскиот филм “М“ на Вардан Тозија на 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал

Македонскиот филм “М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамите на официјалната конкуренција за наградите “Златна арена“ на годинешното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал кој во четвртокот свечено беше отворен со филмовите на Рајко Грлиќ и Неви Марсовиќ.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски.

Прочитајте и:  „М“ на Тозија - еден од најнаградуваните македонски филмови

Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.

Филмскиот фестивал во Пула, со кој се одржува под мотото “Филм под ѕвездите“, е еден од најстарите и водечките регионални фестивали. Основан е во 1954-та години и од тогаш филмовите се прикажуваат во натпреварувачки категории – за хрватска продукции и копродукции и интернационална селекција.

- Реклама -