Македонија, Албанија, Турција и Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо. Според мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа, што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Македонците, Албанците, Турците и жителите на Молдавија годишно консумираат по 39 килограми месо.
Од земјите во регионот, најголема потрошувачка на месо има во Хрватска – со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.
Шпанија е на прво место во Европа, со 99 килограми месо по жител. Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.
Податоците на „Landgeist“ за потрошувачката не месо не ги вклучуваат рибата и морските плодови.
МИА