Стресен ден, уморно попладне и вечер во која сакате да се релаксирате со блиските. Ова е намерата на овој креативен анонимец кој создава мала, дрвена оаза во својот двор, напоредно до семејната куќа. Идејата се состои од изградба на мини-викендица, целосно изработена од дрво и со удобен мебел, каде што може да ужива со семејството и да ги покани пријателите. Викендицата е на два мали ката и плени со својот едноставен дизајн и значење.