Малата што му крадеше пуканки на принцот Хари

Принцот Хари беше дел од трибините на Invictus Games во Торонто, Канада, и како и другите обични смртници, си крцкаше пуканки. Пуканки си крцкаше и девојчето до него, малата Емили Хенсон. Од неговите.

Ирелевантно е дали Хари стварно не забележа, или глумеше дека не забележа. Важно е што Емили мислеше дека не приметува, па се послужуваше без срам и перде. Му е гајле на дете дали некој си чичко е принц или не.

- Реклама -