Мали фори, големо олеснување

Нездрави навики, стрес, сето тоа влијае на квалитетот на живот, но со помош на овие трикови ќе можете да го подобрите вашето секојдневие.
Сте испратиле СМС на погрешна личност? Нема место за паника. Едноставно веднаш ставете го телефонот на авионски режим и пораката нема да биде испорачана.

Ако се чувствувате заморно и исцрпено сипете малку јаболков оцет во вода и користете го овој напиток како тоник, шампон или додаток во исхраната.

Додека ја загревате храната оставете празен круг во средината на чинијата, а храната распоредете ја наоколу. Така истата ќе се загрева рамномерно.

Ви доаѓаат годти, а вие не сте ставиле пијалок во фрижидерот. Ништо страшно. Ставете пијалок во шише замотано со намокрена тоалетна хартија и ставете го во ладилникот 15 минути. Ќе се изненадите колку брзо ќе се олади.

Нема потреба да трошите многу пари на крема против стареење, само во аптека побарајте обична крема која што содржи ретинол.

Дамките се отстрануваат многу побрзо со алкохолен оцет, отколку со варакина.

- Реклама -