Стомакот е едно од најчестите места каде што се собира вишокот килограми, а што е најлошо на крајот тие килограми тешко се симнуваат. За да не се повторуваме по кој знае кој пат што да избегнувате, еве што треба да воведете во мисијата за рамен стомак.
Стомакот е едно од најчестите места каде што се собира вишокот килограми, а што е најлошо на крајот тие килограми тешко се симнуваат. За да не се повторуваме по кој знае кој пат дека треба да ги избегнуваме газираните пијалоци кои го надувуваат стомакот, солта која ги задржува течностите во организмот и ги пумпа клетките со вода, како и пиењето вода веднаш после јадење затоа што ги разредува киселините за варење, еве неколку мали, но ефективни совети за рамен стомак.
Ако почнете диета без вежби точно дека ќе изгубите килограми, но стомакот ќе се опушти. Ако пак само вежбате и продолжите да јадете како и досега нема многу да постигнете. На вас останува како тоа ќе го искомбинирате, а еве што уште да воведете во мисијата за рамен стомак:
Нежно удирајте се по стомакот! Еден кривец за изразено стомаче може да е лошото варење. Многу жени патат од овој проблем, но зошто? Кога храната подолго се задржува во цревата се создаваат гасови кои го зголемуваат волуменот на стомакот. Едноставен трик кој ќе ви помогне да се решите од тој проблем е пола час по јадење да легнете на грб, со свиткани колена, а после тоа 5 минути нежно удирајте по стомакот, се разбира да не се помодрувате. Прво притискајте на стомакот со врвовите од прстите лево и десно од папокот, а потоа тапкајте со дланките. Така ќе го забрзате варењето на храната.
Вовлечете го стомакот! Ефектот е двоен – кога го вовлекувате стомакот автоматски изгледате повитки. Но, повторувајќи го тоа неколку пати дневно, трудејќи се да останете во таа положба неколку секунди, ги зајакнувате и мускулите.
Направете си купка за витка линија! Фантастично ќе ве опушти, а во меѓувреме може да поработите на својата линија. Испробајте го следниов рецепт: направете мешавина од шест капки лимонов сок, две капки чемпресово масло и две лажици павлака и тоа истурете го во водата. Уживајте 20 минути. Ваквата купка ја поттикнува циркулацијата и ја затега кожата.
Термотерапијата го топи салото. Со топлотната терапија го исфрлате вишокот течности од организмот и обемот на стомакот брзо се намалува. Направете пакување со втривање на малку антицелулитен лосион на стомакот, ставете најлонска ќеса и оставете да делува 15 минути.
Магдоносот како зачин! Оваа трева содржи силикатна киселина која го зацврстува ткивото. Пробајте да пиете по три шолји чај од магдонос дневно.
Сиров зеленчук до 17 часот! После пладне пак ви се јаде, што е многу нормално, а најважно е само да го изберете тоа што треба. Сосема е логично волуменот на стомакот во текот на денот да се зголеми, но да биде надуен уште од самото утро, за тоа може виновна да биде вечерата. Во текот на ноќта варењето е успорено а тешко сварливата храна како што е сировото овошје и зеленчук му тежат на желудникот. Заради тоа салатата јадете ја само до 17 часот.
И ништо без вежбање! За подобро согорување на масното ткиво најдобар е аеробикот.
Најдобар план за симнување на масните наслаги е диета во комбинација со аеробик. Стомачните вежби ги зајакнуваат мускулите на стомакот, но не делуваат на масните наслаги кои се наоѓаат помеѓу мускулите и кожата. Затоа најдобар план за рамен стомак е испробаниот рецепт заснован на 70% правилна исхрана, 28% кардио вежби и 2% стомачни.