Освен на убавината и функционалноста во последно време се обрнува се поголемо внимание и на материјалот од кој што е изработен мебелот, со тоа што се почесто се преферираат производи од природен материјал или камен, тапацир од природни влакна или кожа, бидејќи гарантираат одговарачка атмосфера и здрава клима.
За да ни служи со години, а и за да ја задржи својата убавина, мебелот бара редовна нега. Во трговската мрежа се нудат разновидни производи, но тие содржат обично минерални масла или растворувачи, кои се со акутен мирис и дури предизвикуваат алергии. Со природни и домашно приготвени препарати можеме да ја одржуваме хигиената во вашиот дом, исто толку ефикасно, само без несакани дејства и без загадување на животната средина.
Помош против правот
Овој рецепт го забавува создавањето на прашина врз мебелот.
1 л вода
1 лажиче оцет (15%)
1 лажиче глицерин
Ги мешаме водата, оцетот и глицеринот. Ставете неколку капки од смесата врз мека крпа и бришете го мебелот.
Одржување на дрвен фурнир
Оваа паста за полирање е погодна за сите видови дрво, како и за други површини.
200 мл маслиново масло
20 мл сок од лимон
стаклено шишенце
Се става маслиновото масло и се цеди сок во шишенцето кое потоа се затвора и тресе енергично. При потреба посипете малку памук со паста за полирање и покријте со ленена крпа. Полирајте со кружни движења со крпата. Препаратот е способен неколку недели. Пред употреба треба да се истресе.
За светло дрво
Доволно е да го избришете правот со мека, волнена крпа.
Чистење на мебел од даб
Прашокот и дамките по овој мебел се чистат со пиво. Ако, сепак површината е силно загадена, може да поткрепите со следниов раствор.
1 лажица пчелин восок
300 мл вода
2 лажиче шеќер
Топење на восокот на топла вода. Потоа го ставатеда се излади, но внимавате да не се стврдне. Ги додавате пивото и шеќерот. Со мека четка ја нанесувате смесата на површините и чекате да се излади, а потоа полирате до сјај со волнено парче.