Користењето на црна боја во уредувањето на станот умее да биде незгодно, доколку не сте вешти. Меѓутоа, ако црната ја употребите во мала количина, можете да имате добар ефект. Со неа можете да правите одлични контрасти и акценти во домот.
Нагласете ја ѕидната полица во дневната соба. Можете на пример да создадете црни бои. Додадете полици во пририодна боја од дрво. Овие решенија се многу добри за собите со бели ѕидови и светлите мебели.
Контраст
Црната боја одлично се вклопува со природната боја на дрво. Со светлиот под направете контраст цо кујната и ќе добиете многу пријатен ентериер.
Разнобојно
Малата количина на црна боја на подот, ја дава потребната динамика во трпезаријата. Со ова решение се неопходни столици и закачалки во разни бои. Ќе добиете многу сликовито решение.
Екстравагантно
Украсете ја трпезариската маса со интересен чаршав. Црвените детали само ќе придонесат до подобра атмосфера.
Детали
Во ентериерот на пастелни нијанси и додадете оригинална вазна. Неколку парчиња со необичен облик и дезен во линии ќе виде одличен детал. Вашиот простор ќе добие нов изглед.