Мало девојче има свој синџир на продавници за слатки

Лондон, шест годишната Моли Прајс е најмалиот претприемач во Велика Британија. Таа е залужна за осмислување на концептот синџир на продавници за слатки „Моли“. Овој ланец на протдавници нуди традиционални британски и американски слатки.

Пред неколку дена, таа ја отвори својата трета продавница, со помош на нејзината мајка Беки. Мајката вели дека желбите на девојчето не завршиле. Таа, исто така, планира да ја прошири својата империја, а продавниците се организираат според нејзините инструкции.

Таа е мозок на операцијата

„Можеби звучи лудо, но верувајте ми, отворањето продавница е нејзина идеја. Таа беше таа што сфати дека нема доволно такви производи на пазарот. Таа е мозок на операцијата. Во сабота работи во една од продавниците, а во недела наутро станува во пет часот наутро за да се сретне со своите добавувачи. Ги моли своите пријатели да ги испробаат слатките и така одлучува кои се добри. Ако има добра идеја, таа ќе го израсне веднаш. Слушајќи ја, имаме понуда што е соодветна за сите возрасти “, изјави мајката на девојчето за The Sun, пренесува агенцијата.

 

 

- Реклама -