Малото девојче кое танцува како Бијонсе во „Шоуто на Елен“

Малечката Хевн која ги освои срцата ширум светот со видеото на кое танцува на песна од Бијонсе, изминатата седмица гостуваше во „Шоуто на Елен Деџенерес“. Хевн, која неодамна наполни три години, уште еднаш ја изведе кореографијата за песната „End of Time“ во придружба на нејзината мајка, а за награда доби покана од Бијонсе зад сцената на концертот кој треба да го одржи во декември и костим – пеперутка, кој ќе го носи за Ноќта на вештерките.

[youtube]http://youtu.be/RlpPsQaH2GQ[/youtube]

- Реклама -