Малото слатко магнетче на фрижидерот може да ве убие

Магнетите на фрижидерот можат да ви станат најголемиот непријател, особено ако имате слабо срце. Швајцарски научници предупредуваат дека најмногу на мета се луѓето со вградени пејсмејкери и дека за нив последиците можат да бидат фатални.

Истражувањето што го спроведоа, покажува дека е доволно да му се доближите на само 3 сантиметри на магнетот за срцевиот уред да биде дестабилизиран. Таков е случајот кај помодерните видови сребрени магнети, кои се со поголема магнетна сила од оние постарите, кои се направени од железо и се безопасни. Инаку, вакви сребрени магнети може да се сретнат и во компјутерите, слушалките, играчките, накитот и облеката.

pacemakerinchest

Во истражувањето, швајцарските научници ги тестирале новите магнети на 70 пациенти со вградени пејсмејкери. Секој од испитаниците имал потешкотии кога ќе се најдел на растојание од 3 сантиметри, макар и кога се користел мал 8-грамски магнет. Штом ќе се одалечеле, пејсмејкерите за кратко време се враќале во нормала.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

 

- Реклама -