„Man of steel“ во кино Милениум

Филмот кој уште пред официјалната светска премиера ги руши рекордите на продадени билети, новиот филм од серијалот Superman „Man of steel“ премиерно ќе се прикажува во кино Милениум на 20 јуни.

Филмот е во режија на Зак Снајдер, а во улогата на Кларк Кент се појавува Хенри Канвил. Луис Лејн ја глуми Ејми Адамс.

Приказната ни е добро позната. По сознавањето дека не е од планетата Земја и сознанието дека поседува невообичаени моќи, млад новинар е соочен со предизвикот на конфронтација со сопствената раса.

[youtube]http://youtu.be/OAVuKPFKrNo[/youtube]
Тој патува за да открие зашто бил испратен на Земјата, а „херојот во него“ мора да блесне за да го спаси светот од уништување и стане симбол на надеж за целото човештво.

- Реклама -