Манастирот Фанеромени на Лефкада

Манастирот Фанеромени во Лефкада е еден од најстарите и најзначајните христијански споменици во Грција и единствен на островот во кој сѐ уште живеат монаси.

Манастирот Фанеромени се наоѓа на пошумениот рид, на западната страна од градот Лефкада. Од таму има прекрасен поглед на замокот и на целиот град. Точната старост на храмот не е позната, но легендите велат дека датира уште од времето на апостолот Павле.

Пред манастирот, на ова место се наоѓал храм посветен на Артемида, во целост изграден од бел мермер. Учениците на апостолот Павле биле испратени на Лефкада да го рашират христијанството, по што еден од нив отишол на местото каде што денес се наоѓа манастирот. Легендата вели дека тој го погледнал мермерниот храм, клекнал пред него, се помолил и храмот веднаш бил срамнет со земја од невидлива сила.

Во годините по овој настан била подигната првата црква на тоа место, посветена на Богородица. Во 332. година, првите монаси пристигнале кај црквата, започале да градат испоснички ќелии и до ден-денешен таму функционира манастир во кој живеат монаси – единствен од ваков вид на островот.

Фанеромени е манастир што денес е отворен за посетители и место каде што барем за миг ќе почувствувате неверојатен мир, опкружен со прекрасна природа и величествен поглед. Токму затоа им препорачуваме на сите оние што ќе летуваат на Лефкада да одвојат неколку часа и да го посетат ова место.

Текстот е објавен во соработка со Iguana tours.

- Реклама -