Манчестер Сити му врачи отказ на Манчини

Роберто Манчини повеќе не е менаџер на Манчестер Сити, тимот од Етихад Стадионот одлучи да му врачи отказ на стратегот.

Пред точно 12 месеци, Роберто Манчини на ’Граѓаните’ им ја донесе првата титула во Премиерлигата по пауза од 44 години.

Сепак, оваа сезона Манчестер Сити потфрли, доживеа рана елиминација во Лигата на Шампионите, не успеа да ја одбрани титулата во Премиерлигата, а се чини чашата беше прелиена во саботата кога ’Граѓаните’ загубија од Виган во финалето од ФА Купот.

Изминативе неколку дена медиумите од ’Островот’ силно шпекулираа дека Манчини ќе замине, и токму тоа сега го потврди Манчестер Сити.

„Со жалење сакаме да соопштиме дека Роберто Манчини е ослободен од неговите должности како менаџер на Манчестер Сити” – гласеше известувањето на тимот од Етихад Стадионот.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

Асистент менаџерот, Брајан Кид ќе го предводи тимот на привремена основа на последните два натпревари од сезоната и на турнејата во САД.

Тренерот на Малага, Мануел Пелегрини е фаворит за наследник на Роберто Манчини.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -