Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на трибина посветена на дигитализацијата, oцени дека дигитализацијата ќе овозможи сите лични документи, граѓаните да ги имаат на своите телефони со што веќе нема да има потреба долго чекање пред шалтерите.
-„Највисокиот процент од Бруто домашниот производ доаѓа од секторот за информатички и комуникациски технологии и токму овој податок, треба да ни е уште една од силните причини повеќе да вложуваме во дигитализацијата”, потенцираше министерот Манчевски.
Како што стои во соопштението од СДСМ, Манчевски ги истакна придобивките од дигитализацијата за што рече дека значително го подобрува квалитетот на животот на сите граѓани, ги носи институциите и услугите до граѓаните и придонесува кон борбата со корупцијата.
Тој оценува дека дигитализацијата ќе овозможи сите лични документи, граѓаните да ги имаат на своите телефони со што веќе нема да има потреба долго чекање пред шалтерите.
– „Време е личната карта и здравствената книшка да заминат во историјата“, рече Манчевски и додава дека со новата технологија ќе се стигне до целосна идентификација од мобилен.
Извор А1.он