„Она што го гледаме и јавноста е веќе свесна дека имаме одредени сигнали, ова е согласно препораките на здравствените работници и на КЗБ, дека интензитетот на вирусот стивнува“, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во вечерашното гостување во „Отворено“ на „ТВ24“.
„Да, имавме ден два кога имавме зголемување на бројот на заpaзените, но тоа коинцидира со некои помасовни собирања односно непочитувања на мерките коишто ни се случуваа околу велигденските и првомајските празници и тука се јавија одредени ситуаци коишто денеска ете ни се случуваат. Mеѓутоа, аплсоутно имаме секој ден Кризен штаб на Владата во однос на справување со последиците од коронавирусот и апсолутно здравствените експери ги знаат овие кластери, ги знаат жариштата и ја имаат работата со вирусот под контрола, така да и нашиот став, врз основа на овие податоци коишто ги следиме секојдневно – и повторно ќе кажам врз основа на препораки од здравствените работници – е дека некаде во средината на јуни имаме шанса да се организират фep и демокpaтски избopи, во услови на намалување на интензитетот на вирусот“, рече Манчевски.