Манчини солзите за отказот ќе ги брише со 65 милиони евра

Роберто Манчини доби отказ од функцијата селектор на Саудиска Арабија, но и покрај ова во следните три години ќе инкасира повеќе од 65 милиони евра. 59-годишниот стручњак беше ослободен по 14 месеци на чело на националниот тим.

Во август 2023 година, Манчини потпиша договор за 4 години вреден 80 милиони евра. И покрај тоа што доби отказ, Италијанецот ќе ја наплати речиси целата сума од преостанатиот договор.

Манчини беше најплатен тренер во светот со плата од близу 24 милиони евра годишно.

- Реклама -