Мандали направени од чипови

Додека традиционалните мандали се најчесто изработени од ткаенини и бои, италијанскиот уметник Леонардо Улиан користи електронски делови и чипови за создавање на нивна технолошка верзија.

– Свесен сум дека технологијата е непостојана. Таа константно се менува, а уникатноста на моите дела и вниманието кое го привлекуваат, може да исчезне по само неколку дена благодарение на секојдневните нови иновации, вели Улијан за својата уметност.

За да го создаде кружното коло, тој најпрво го креира дизајнот компјутерски, по што подоцна врз принтот од истиот ги реди елементите и создава нова мандала.

 

Прочитајте и:  Qualcomm остана без лиценца за производство на Arm чипови
- Реклама -