Мане се огласи по одлуката на Сенегал да му се одземе титулата.

Садио Мане не го напушти теренот за време на бурните случувања во финалето на Африканскиот куп на нации. Пред 58 дена, тој инсистираше натпреварот да продолжи и на крајот ги врати своите соиграчи назад на теренот.

Мане се огласи по контроверзната одлука на Африканската фудбалска конфедерација.

„Ова навистина ги премина сите граници. Ова не е фудбалот за кој се бориме, ниту е Африка каква што ја посакуваме“, изјави капитенот на „Лавовите од Теранга“ во своето соопштение.

„Во нашиот фудбал има премногу корупција, која ја задушува страста на милиони навивачи низ целуваат континент. Играчите вложуваат максимални напори на теренот, но одлуките надвор од него одлучуваат за натпреварите и трофеите. Длабоко сум разочаран, не само за Сенегал, туку и за африканскиот фудбал во целост“, посочи талентираниот фудбалер.

Прочитајте и:  Македонија за првпат учествува на престижните 12 Punto состаноци во Истанбул - нови можности за меѓународни филмски копродукции.

„Заслужуваме многу повеќе. Навивачите заслужуваат чесност, транспарентност и почит.“

Фото/ EPA