Терористите продолжуваат да подготвуваат нови напади против Франција и други европски држави.
Премиерот на Франција Мануел Валс соопшти дека властите сметаат дека нови терористички напади се планирани во земјата и други европски држави, по нападите во Париз, пренесе AFP.
„Ние знаеме дека операциите биле подготвувани и се уште се подготват, не само против Франција, но исто така и против други европски држави “, рече тој.
Според него, терористите може да нанесат удари повторно “во наредните денови или недели”.
Според францускиот премиер, нападите во Париз беа планирани на територијата на Сирија.