И Мараја Кери обвинета (да, обвинета) за сексуално малтретирање

Прашање на време беше. Ете ја и првата жена чие име е вмешано во скандалот со сексуално малтретирање, ама од страна на обвинетите.

Мараја Кери е обвинета од шефот на безбедносната фирма, чии услуги користела до мај оваа година, дека ги нарекла него и неговите вработени нацисти, скинхедси и членови на Кју Клукс Клан. Според него, пејачката ги дефинирала како крајнодесничарски расисти, но и инсистирала да биде опкружена со телохранители црнци.

Мајкл Ањело, кој е на чело на компанијата за обезбедување, додава дека неговите адвокати ги имаат подготвено сите потребни документи, и дека е подготвен за битка на суд.

Компанијата на Ањело ја обезбедувала Мараја од јуни 2015 до мај 2017-та. За услугите во наведениот период, ѕвездата им должи 200 илјади долари, кои сé уште не се платени. Згора на тоа, одбива да им ја плати веќе ветената сума за следните две години – 511 илјади долари. Според сајтот TMZ, спорот најверојатно е во мирување, бидејќи и двете страни се надеваат на вонсудско решение.

Сепак, Ањело тврди и дека пејачката не само што ги навредила него и неговиот тим, туку во еден момент се обидела и да го заведе. Тој го нарекува „сексуално вознемирување“, со образложение дека пред него извршувала „сексуални дејства“ со цел тој да ги посведочи.

Имено, при посетата на Кабо Сан Лукас во Мексико, Мараја го замолила телохранителот да се качи во нејзината соба за да ѝ пренесе дел од куферите. Според тврдењата на Ањело, кога влегол во собата, Кери не носела никаква друга облека освен транспарентен наметка.

„Тој се обидел да си замине, но Кери инсистирала багажот да биде пренесен во собата. Сепак, обезбедувачот успеал да ја напушти просторијата без да оствари физички контакт“…

Адвокатите на пејачката веќе исконтактирале со адвокатите на Ањело, и наводно рекле дека се подготвени да платат надомест, но се тврди дека на овие вториве износот не им фатил око.

Ете, ако мислевте дека драмата е при крај, многу сте се излажале. Допрва станува интересно. Во иднина очекуваме уште еден куп обвиненија, и основани, и измислени, и извадени од контекст, и трагикомично тривијални.  Обвинувачите (тие лажните) веројатно се затекнати од ненадејната шанса, па сé уште се консултираат и подготвуваат со своите адвокати. А сигурни сме дека ги има и ќе ги има еден тон.

- Реклама -