Марбо коцки

Ова е стар рецепт кој го добив од моја добра пријателка, рецептот е од нејзината мајка која сега има осумдесет години. Малку сакав да дознаам за потеклото на овој колач и она што можеа да ми кажат за него е дека потекнува од Унгарија. Забележав дека е многу сличен како Жарбо колачот, но филот на тој колач е со мармалад од кајсии и мелени ореви.

s

Подготовка

Маста ја матиме заедно со шеќерот додека не се стопи, потоа ги додаваме јајцата, млекото, содата и полека додавајќи брашно замесуваме средно меко тесто.
Тестото го делиме на три или четири дела развлекуваме кори.
Големината на корите ги одредуваме во зависност во какво тавче ќе ги печете. Откако ќе развлечете кора со помош на оклагија кората ја обложувате на превртено тавче со хартија ја боцкаме со вилушка и печете на 180степени 15 минути.

Кога сите кори ни се печени го подготвуваме филот кој може и да се подготви предходно.
Двете лажици брашно ги мешаме со мало ладно количество на млеко и шеќерот полека ја сипуваме оваа смеса во останатото врело млеко и вариме крем. Од како кремот ќе се олади се соединува со путерот матејки со миксер.
Секоја кора ја пермачкуваме со кремот редиме една врз друга и на последната кора ја сипуваме топената чоколада.

Забелешка

Колачот го подготвував навечер го сечев наредниот дел затоа што треба да одстои и да омекне, нека не ве плашат корите кои кога ќе ги испечете се тврди.
Добар апетит!

- Реклама -