Марк Маркес триумфираше на Големата награда на Унгарија.

Возачот на Дукати, Марк Маркез ја освои Големата награда на Унгарија во рамките на Мото ГП и го зацврсти своето водство во генералниот пласман.

Маркез се искачи на првото место со време од 42 минути и 37,681 секунди, забележувајќи ја својата седма последователна победа.

Овој шесткратен светски шампион има вкупно 98 победи во својата кариера.

Второто место го освои возачот на КТМ, Педро Акоста, кој почна од седмата позиција, а на третото место се најде возачот на Априлија, Марко Бечеки.

Марк Маркез води во генералниот пласман со 455 бодови, што претставува предност од 175 бодови пред неговиот брат Алекс Маркез на второто место, и 227 бодови повеќе од третопласираниот Бањаја.

Шампионатот во Мото ГП продолжува за две недели со трката во Каталонија.