Мареј денеска одигра суперинтересен меч против новиот тениски поредок, Милош Раониќ. Речиси и да немаше конкретни прогнози пред натпреваров, бидејќи и експертите се исплашија од било каква прогноза или коментар за тоа кој би можел да се пласира во финалето помеѓу овие двајца тенисери.
Во одредени делови од мечот и двајцата тенисери ја играа својата игра. Милош го освои првиот сет со 6-4, а вториот му припадна на Енди 7-5. Потоа, Раониќ преку тајбрејк влезе со водство од 2-1 во четвртиот сет. Сепак Мареј е Мареј, а искуството си го прави своето. Тој израмни на 2-2 со 6-4 во четвртиот сет, а во последниот, решавачкиот сет, буквално експлодираше и заслужено славеше со конечни 3-2 во сетови (4-6,7-5,6-7,6-4,6-2), по 4 часа и 8 минути одличен тенис.
Мареј ќе има тешка работа во финалето, каде се среќава со рекетот број 1, Новак Ѓоковиќ кој се бори за неговата 6-та титула на овој турнир.