Маричиќ: Време е ЕУ да ни го валоризира сработеното со датум за преговори

Вицепремиерот за европски прашања – Бојан Маричиќ, во рамки на посетата на Тирана, се сретна со заменик претседателот на Владата на Албанија – Арбен Ахметај, со министерка за надворешни работи – Олта Џачка, и Зеф Мази – главниот преговарач за пристапување на Албанија во ЕУ.

Како што соопшти СЕП, на средбите со високите државни претставници уште еднаш бил потврден ставот дека двете држави не се откажуваат од ЕУ и покрај предолгото чекање, како и важноста Европската Унија да го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија.

„Двете пријателски земји имаме заеднички пат кон членство во европското семејство, пат на кој покажавме зрелост и за регионално интегрирање и соработка која се потврдува низ активностите преземени со иницијативата Отворен Балкан. Време е да се валоризира она што досега го постигнавме во делот на реформите, и на Северна Македонија и Албанија да им се даде датум за почнување на преговорите со Унијата“, потенцирал Маричиќ на средбите со неговиот колега Ахметај и шефицата на дипломатијата, Џачка.

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана

На средбата со Мази, главниот преговарач за пристапување на Албанија во ЕУ, соговорниците се согласиле дека фокусот во претстојниот период на двете држави ќе биде ставен на обезбедувањеи целосна подготвеност на државната администрација за процесот на пристапни преговори, која ќе може да одговори на новата методологија. На средбата било отворено и прашањето за ревитализација на Договорот за соработка за евроинтеграција од 2012 година, како и можноста за организирање на првиот состанок на Мешовитиот комитет, предвиден со Договорот за соработка.

Маричиќ се сретнал и со новиот германскиот специјален претставник за Западен Балкан – Мануел Сарацин, кој порачал Сојузна Република Германија е наш партнер и продолжува да ги поддржува земјите од Западен Балкан во напорите да станат членки на Европската Унија, што, ккао што потенцираат од СЕП, е особено важно за регионот во време кога се соочува со предизвици.

МИА

- Реклама -