Марија Шерифовиќ: Голата вистина за мојот живот! (видео)

„Целиот проект го носи називот „Исповед“ и мислам дека е време тоа што го запишував и чував во таа некоја моја работна меморија сите да го дознаете во било која смисла, а врзано за ликот и делото на Марија Шерифовиќ. Да ви дадам одговор на сите прашања и повеќе да не постои ништо нејасно во било која смисла“.

Марија Шерифовиќ е една од најпризнатите српски пејачки, најмногу поради талентот, квалитетните песни, долгогодишните искуства, но и победата на Евровизија во 2007 година. По повод десетгодишнината од својата работа, пејачката одлучи да објави документарец и книга за нејзините искуства во работата, но и за сѐ тоа за што до сега никогаш не зборувала во јавноста. Проектот се вика „Исповед“.

„Здраво, другари. Наскоро поминуваат десет години откако тргнав да бидам Марија Шерифовиќ. По тој повод решив да објавам документарен филм, книга и тоа што сите долго го чекате, нови песни, нов албум. Целиот проект носи наслов „Исповед“ и мислам дека е време тоа што го запишував и чував во таа некоја моја работна меморија сите да го дознаете во било која смисма, а врзано за ликот и делото на Марија Шерифовиќ“, рекла Марија.

Погледнете ја најавата за документарецот

http://youtu.be/kf1716jVSNo

 

- Реклама -