Марија Шерифовиќ и приреди роденденско изненадување на својата мајка, а таа лееше солзи: „Сакаш да умрам”? 


„Долго време размислував како да те израдувам за роденден. Минатата година, иако полнеше 60 години, не сакаше да славиш, бидејќи го очекуваше својот внук. Еве сега Марио е со нас, а јас не можам повеќе да ти купувам тенџериња, лонци и кутлачи… И затоа дојдов на идеја да им дадеме нов живот на дел од твоите најголеми хитови“. Токму со овие зборови Марија Шерифовиќ го започна својот “приватен концерт” со кој ја израдува својата мајка Верица која вчера наполни 61 година. Во строга тајност повеќе од 6 месеци Марија со својот тим работеше на ова изненадување кое го нарече „Uvek si mi govorila“.

Овој емотивен “настап” Марија го започна со хитот „Zar je svemu kraj“, а веќе на првите тактови Верица не можеше да ги задржи своите солзи. Потоа следуваа песните „Bitku sam izgubila“, „Sa tobom ponovo“, „Ja te ne dam, a ti ideš“ со обновени аранжмани кои специјално за оваа прилика ги работеше композиторот Саша Николиќ.

„Дали ти мене сакаш да ме убиеш…Ти благодарам ќерко моја. Тоа како ти пееш, еве ти симнувам капа. Кога еден ден ќе почнам да се исклучувам, се надевам дека ќе можам да кажам вредеше. Вредеше мојот труд и сѐ што правев за тебе. Ти благодарам за ова…“, кажа Верица со солзи во очите. 

Не дозволувајќи да ја совладаат емоциите, Марија продолжи со „Dođi mi“, „Ne brini za mene“, a после песната „Uvek si mi govorila“ која Шабан Шаулиќ ја направи за Верица, Марија веќе не можеше да сокрие колку овој таен проект бил емотивно и гласовно голем предизвик за неа.

„Јас навистина имам пеено различни жанрови, но ова…никогаш ништо потешко не сум отпеала. Сега можам во пензија. Овие песни се за цела вечност и им благодарам на моите соработници кои ми помогнаа да го реализираме овој проект“,  кажа Марија, која за самиот крај ја остави песната „Slike mog života”.

На ова специјално роденденско изненадување присуствуваше и синот на Марија, што дополнително ја израдува Верица.

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ доаѓа во Скопје на 2 ноември, каде ќе одржи голем концерт во „Арена Борис Трајковски“, во организација на „Прагма продукција“.

Картите за овој спектакл имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, како и Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

- Реклама -