Дајте му малку поинаков вкус на пилешкото кое што го јадете често. Ќе се воодушевите.
Состојки:
1 кг. батаци
2 чешнинња лук
4 лажици маслиново масло
1 лажица мед
1 лажица чили пиперка
2 лажички сол
Подготовка:
Исецкајте го лукот на ситни парчиња.
Помешајте го со маслиновото масло, чили и солта.
Прелејте преку батаците и оставете да отстои еден час.
Батаците извадете ги и пропржете ги додека не заруменат.
Во остатокот од маринадата додадете мед и промешајте.
Сипете врз батаците па печете во рерна, загреана на 200 степени, околу 20 минути.