Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус ќе ја добие наградата „Златната топка“, објави „Марка“.
Според шпанскиот спортски портал, 24-годишниот Бразилец на крајот од сезоната 2023/24 ќе го добие признанието за најдобар фудбалер во светот.
Минатата сезона Винисиус постигна 24 гола и направи 11 асистенции на 39 натпревари за Реал во сите натпреварувања. Заедно со „кралскиот клуб“, фудбалерот го освои Шпанското првенство и Суперкупот, како и Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.
Церемонијата на доделување на Златната топка ќе се одржи на 28 октомври во Париз.