Марковски: Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е полн со научни работници, може факултет да се отвори

Во ВМРО-ДПМНЕ видел позитивна атмосфера, многу експерти и научници, демократско одлучување преку развивање дискусија, спој на експерти и политичари и спој на генерации, истакна инфектологот Вело Марковски во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ „Алфа“, одговарајќи зошто се вклучил во политиката и зошто токму во ВМРО-ДПМНЕ.

Според Марковски, целиот Извршен комитет, чиј член стана и тој од неодамна, е преполн со научни работници, до степен што „буквално може факултет да се отвори“, како што вели самиот.

„Верувам дека луѓето ќе ја препознаат таа заложба оти целиот ИК е со научни работници, буквално може факултет да се отвори. Мислам дека оваа структура ќе оди на политика заснована не на реваншизам и дискредитација, туку на нудење на решенија. Небитно е дали ќе бидам министер за здравство, битно е дали ќе не се носат соодветни мерки и квалитетно да се работи. Здравството ни остана со телото во комунизмот, а главата во капитализмот. Немаме вистински реформи во здравството, се двојат премалку пари за да го решиме“, истакна инфектологот.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДСМ
- Реклама -