Благодарение на откритието на еден британски хемичар, лепливите улици би можеле да станат минато. Професорот Теренс Косгроув од универзитетот во Бристол создал мастики за џвакање кои се распаѓаат во вода и можат да бидат лесно отстранети. Сето ова има врска со новооткриениот полимер кој ја прави мастиката „хидрофилична“. Очекувајте ги новите мастики некое време догодина, а дотогаш фрлајте ги старите лепливи во корпа за отпадоци. [Chewing gum that doesn't stick]