Мастурбирај и спаси го светот

Се чини дека PornHub најде решение за тоа како да не ја повредувате планетата додека мастурбирате. Тие се првите што завирија во еден непресушен извор на енергија кој човештвото никогаш до сега не се досети да го искористи. По се изгледа, енергетската криза во светот е решена.

Се работи за гаџет-нараквица, наменета да ја носат сите интернет мастурбатори, од кои се разбира, огромен дел се редовни посетувачи на PornHub.com. Во обид сето тоа да го изведе со стил, PornHub ја нарече „wankband“. Ако разбирате – добро, ако не – не ви треба многу фантазија за да го добиете значењето.

Порно сајтот повикува на искористување на целата залудно потрошена „немирна енергија“, преку носење на Wankband додека се самозадоволувате. Патем ги повика корисниците да бидат креативни и да произнесат свои идеи за најефикасно користење на нараквицата.

twitwankband

„Ми требаат 2 од овие. Можеби дури и 4? По една за секој зглоб! Свирам на тапани, па знаете дека сум добар со стапови“ – вели еден од коментарите.

Гаџетот содржи полнач што ја складира кинетичката енергија и може да се користи при полнење на други гаџети, како смартфони и таблети.

PornHub обајснува: „Секој ден, онлајн се консумираат милиони часови на содржина за возрасни, притоа арчејќи енергија во процесот и наштетувајќи и на околината. Ние од PornHub решивме да направиме нешто во врска со тоа. Ви го претставуваме #Wankband – првата носива технологија што ти овозможува да ја сакаш планетата додека се сакаш себе си“.

- Реклама -