Луксузната марка Maybach ќе заживее втор живот. Таа беше затворена пред една година, но може да воскресне со појавата на новите луксузни верзии на последната генерација Mercedes S-Класа, тврди германското Autobild.
Весникот наведува дека “постои голема веројатност” една од двете идни луксузни верзии на Mercedes S-Класа-Pullman или онаа со продолжено меѓуоскино растојание, да го добие амблемот на Maybach. Информацијата е ограничена, а во неа се наведува дека е поверојатно со името Maybach да биде означен вториот модел. Потсетуваме дека S-Класа Pullman ќе биде максималната верзија на моделот и ќе располага со меѓуоскино растојание од над 3500 mm. Стандардната S-Класа има меѓуоскино растојание од 3035 mm, а за верзијата со име Maybach се очекува да се потпира на растојание помеѓу предната и задната оска од 3300 mm. Ќе има и привремена верзија со која меѓуоскиното растојание ќе биде 3165 mm.
Кај моделот со амблемот на Maybach поставеноста на седиштата ќе биде 2 +2, додека Pullman ќе нуди 6 места во конфигурација 2+2+2.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус