Новата генерација на Mazda3 ќе добие набилдана верзија MPS (Mazdaspeed3), објавија неколку веб-портали, наведувајќи дека моделот ќе располага со систем за погон на сите четири тркала.
Медиумите се повикуваат на изјавата на заменик шефот на создавањето на новата Mazda3, Такео Мариучи, според кого поставување на AWD систем на автомобилот не е проблем.
-Бидејќи новата генерација Mazda3 е конструирана на платформата на CX-5, од техничка гледна точка поставување на систем за погон на четири тркала не би било тешко.
Опремата на моделот со слично погон ќе го направи конкуренен со возилата од калибарот на Volkswagen Golf VII R и Mercedes-Benz A45 AMG. Уште не се знае на каков агрегат ќе се потпира новата Mazda3 MPS, но шпекулациите велат дека тој ќе биде помоќен од досегашниот. Претходните две генерации на Mazda3 MPS беа опремени со 2.3-литарски турбо мотор со четири цилиндри кој генерира 260 КЅ. Погонот кај нив е на предната оска.
Се очекува премиерата на новата генерација Mazda3 MPS да биде кон крајот на оваа година.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус