Мажите би сакале, жените да ги знаат овие секс тајни

Мажите не се многу поразлични од жените, кога станува збор за сексот – комплиментот не само што ќе ја зголеми неговата самодоверба, туку и ќе му даде насока што е она што ви се допаѓа кај него.

Иако мислите дека вашиот партнер, не е многу оптеретен со физичкиот изглед, сосема сигурно е дека понекогаш нема да е на штета некој убав збор. Всушност, колку е тој позадоволен, толку повеќе и ќе се труди да ве задоволи и вас – во секоја смисла!

Се плаши од интимност

Не од онаа причина што ви падна на ум. Разни истражувања покажуваат дека мажите се почувствителни од жените, како и дека често ги фаќа паника кога сфаќаат дека емотивно се поврзуваат со некого. Експертите објаснуваат дека можеби тоа е причина што некои дечковци се повлекуваат после сексот – поради страв бидејќи чувствуваат потреба да бидат со својата партнерка. Некогаш мажот има потреба да ги „собере“ своите мисли, а некогаш веднаш по сексот се облекува и се дистанцира затоа што едноставно не му е до вас. Паметни сте, проценете.

Сака секс, поради секс

Додека многу дами уживаат да водат љубов, некои мажи сакаат секс само поради сексот – малку грубо и без многу емоции. Сепак, тоа не треба да ве изненадува бидејќи за некои ово вид на секс е „лек“ против стравот од претерано врзување, особено ако не сте му девојка.

Пенисот не е единствената ерогена зона

Девојките често се концентрираат само на пенисот во текот на сексот. Сепак, мажите би сакале да знаете дека тоа не е нивната единствена ерогена зона. Тие би сакале да ги допирате нивните гради, да го бакнувате стомакот, да ги галите по препоните, колковите, лицето…

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Сакаат секси фантазии

„Мажите сакаат да ги делат своите секси фантазии со партнерката, но често се грижат дека таа нема да ги осуди“, вели сексологот др. Корт. Поради тоа, сакаат да имаат партнерка со која што можат да разговараат за се. Имајте во предвид дека не треба да го осудувате доколку не ви се допадне фантазијата. Нормално, тоа не значи дека не можете да ја прилагодите.

Уживаат во вашиот глас

Говорот на телото во текот на сексот не ги стимулира само неговите уши. Сигурно мажите не сакаат да им зборувате во текот на сексот за работните обврски, но малку „валкан“ разговор нема да наштети. Сепак, доколку сте срамежливи, давајте му инструкции со дишењето.

Сакаат искреност

Сексот може да ги реши проблемите во врската, но исто така може да биде и причина за тензија. Доколку постои причина поради која што не сакате секс, тие би сакале да бидете искрени, бидејќи во спротивно ќе помислат дека повеќе не ве привлекуваат.

Порничите не им се подраги од жената

Ниту една жена нема да биде воодушевена доколку го „фати“ мажот како ужива гледајќи порно. Експертите сепак објаснуваат дека причина да се чувствувате загрозено поради тоа, освен доколку мажот чувствува сексуална желба само додека гледа.

(Скоро) секогаш сакаат секс

Мажите гледаат на сексот како на некој вид на продлава – едноставно нема ништо лошо во тоа. Нормално, тоа не значи дека не вклучуваат емоции во односот.  Сепак, тие за разлика од жените попрецизно разликуваат секс и секс со емоција.

Правете разлика 😉

- Реклама -