Што мажите потајно сакаат во врска

Иако повеќето од нив никогаш нема да признаат, сепак и мажите сакаат да бидат вљубени. Некои зборови е тешко да се изговорат, а уште потешко e да се покажат чувства. Еве кои работи во врска, всушност, мажите потајно ги сакаат.

Мажите можеби дури и повеќе од жените сакаат да бидат во врска, бидејќи така се чувствуваат сигурно и можат да разговараат за чувства и други теми кои, на пример, во друштво се непожелни. За повеќето мажи тоа се единствените моменти во животот кога можат да бидат искрени и интимни до крај.

Друга работа која мажите ја сакаат во врска е чуството дека можат да бидат тоа што се. За нив, долгорочно воопшто не е забавно да излегуваат со друштво и постојано да бидатво потрага по нови жени, бидејќи се однесуваат како „скитници“  што го изгубиле својот компас. Во врска, пак, се чувтвуваат достојно и сакано, и го добиваат вниманието кое им е потребно еднакво како и на жените.

Освен тоа, во сериозна врска или брак, мажот знае дека жената која ја сака, помеѓу сите останати го одбрала токму него, и тоа позитивно влијае на неговата самодоверба.

Врската е предизвик за секој маж бидејќи знае дека мора да се потруди и да го даде својот максимум, но истовремено поради тоа тој станува подобар човек. Повеќе се труди на сите животни полиња, почнувајќи од себе, здравјето и изгледот, па до односот со другите луѓе.

Сигурноста во врска е уште еден детаљ што мажите го сакаат. Колку проблеми и да имаат и колку и да е денот напорен, знаат дека вечерта до себе ја имаат саканата личност.

Исто така, ги радува тоа што партнерката може да ја направат среќна без разлика дали се работи за некакво изненадување, добар секс или обично кафе во саботното утро за кое знаат дека и е омилено. Мажите често се откажуваат од врска кога сфаќаат дека ниту еден нивен потег или идеја не може искрено да ја развесели партнерката и да ја направи среќна.

Секс. Не треба посебно да се истакнува бидејќи е познато дека на мажите им е особено важен. Но освен самото задоволство кое им го дава сексот, и мажите се чувствуваат подобро со себе и се посреќни ако интимниот живот им е добар. Тогаш, баш како и жените, чувствуваат дека се сакани, односно дека партнерката ги доживува како компатибилни личности.

Паровите кои имаат успешни врски знаат колку труд и компромиси се потребни да се вложи во односот. Мажите кои не успеваат да се врзат за некого, па постојано влегуваат од една во друга врска, не успеале да ја најдат вистинската личност која би ги задоволила сите нивни потреби, особено чувството на сигурност и љубов. Жената која знае како да го искаже тоа, односно да му покаже дека сака да поминува време со него, ќе го задржи без проблем.

- Реклама -