Што се случува кога мажот престанува да се јавува

Иако може да ви се чини дека конечно го најдовте идеалниот партнер со кој би посакале дури и деца, тој одеднаш престанува да ви се јавува. Одоговорот на прашањето зошто е тоа така никогаш не го дознавате, а со тек на време се буди сомнежот дека нешто не е во ред со вас.

Мажите не се толку отворени кога го проценуват влезот во емотивна врска, па некои реакции се само повратен одговор на туѓото однесување. Еве пет од најчестите причини поради кои тие се откажуваат толку лесно.

Прогонување

Прогонувачката тактизира, но се однесува нетактично. Познато е дека жените своите маки ги решаваат со играње игри и озборување, додека на мажите тоа баш и не им е блиско. Тие не сакаат со нив да си играте и да тактизирате, а повеќе сакаат отворени карти, и тоа од двете страни. Мажите најмногу сакаат да им дадете јасен знак дека сте заинтересирани и на тој начин да ги охрабрите. Истовремено, тоа не значи дека треба да му сервирате детални планови за иднината или уште на првиот состанок да му кажете колку многу, многу ви се допаѓа. Едноставно е, ако го заинтересирате доволно со вашата умереност, сигурно ќе посака да ви се јави и да ве заведе.

Брзање

Врската што веднаш се случува со себе носи опасно од ненадејна емоционална блискост, прерана физичка интимност, а со тоа често се носат и непромислени одлуки. Можеби уште по првиот состанок ќе се чувствувате како да летате во облаците затоа што со часови не може да се разделите, меѓутоа тука постои голема опасност. За да не ви се сруши кулата од карти што брзоплето ја изградивте, на време запрете. Внимавајте што зборувате, потенцијалните проблеми решете ги на почетокот и регулирајте го темпото на врската.

Независност

Денешните жени се во голема мера независни и посветени на кариерата, па сакаат да ги држат сите карти во своите раце. Ако многу ја цените својата независност, мали се шансите дека ќе сакате целосно да му се посветите. Исто така, жените што сакаат да глумат ѕвезди и постојано потсетуваат на тоа колку се моќни и самостални, најчесто се одбивни со својата појава. Забавете го темпото и најдете време и за мажот во вашиот живот, затоа што само на тој начин ќе го задржите.

Е-комуникација

Комуникацијата на Интернет може да донесе дилеми, погрешни пораки и контексти, а тоа често може да зајде без никакво предупредување. Бидејќи не постојат точно одредени правила за е-комуникацијата меѓу мажите и жените, многу често погрешно толкуваните сигнали ја оставаат една страна со скршени срце. За да го задржите неговиот интерес од самиот почеток одредете го моделот на комуникација. Ако настане некое недоразбирање не вртете му веднаш за да ги расчистувате односите, затоа што тоа може да биде клучно за оладувањето во иднина.

Емоционална (не)контрола

Ако постојано чекате момчето да се јави веднаш по состанокот, голема е веројатноста дека вашата нервоза ќе расте. И тогаш кога конечно ќе ве побара после некој ден, веројатно е дека ќе одговорите со лутина или незадоволство. Меѓутоа, чувањето на сите чувства длабоко во вас не е најпаметно, затоа што така веројатно ќе почнете со игрите. Глумењето, неодговарањето на повиците или нагласеното дружење со други мажи за да го направите љубоморен дефинитивно не се паметни постапки. Најдобро е ако и вие преземете по некој умерен чекор, така и двајцата ќе знаете на што сте.

- Реклама -