Мбапе го тужи ПСЖ за психолошко малтретирање

Килијан Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање, соопштува обвинителството во Париз, според информациите од весникот „Екип“.

На 16 мај, Мбапе поднел жалба против клубот, наведувајќи психолошка траума и обид да го принудат да потпише нов договор во летото 2023 година, како и неговата изолација од тимот.

И покрај судската постапка, Килијан Мбапе продолжува да има и финансиски несогласувања со ПСЖ, откако клубот не ја исполни последната обврска од договорот. Оваа ситуација создаде поволни услови за францускиот репрезентативец да се пресели во Реал Мадрид.