Мбапе и Белингем на лет за Манчестер

Утре, на стадионот „Етихад“, Реал Мадрид ќе се соочи со Манчестер Сити во реванш натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. По првиот натпревар, кој се одржа минатата среда, мадридскиот тим има предност од три гола.

Реал ја соопшти листата на играчи кои патуваат за Манчестер, а на неа се наоѓаат Килијан Мбапе и Џуд Белингем, кои го пропуштија првиот дуел на домашен терен.

Сепак, според извештаите од шпанските медиуми, не е потврдено дали двојцата ќе стартуваат од почеток на „Етихад“.

Килијан Мбапе вчера го одработи својот прв целосен тренинг со соиграчите, а тоа не помина незабележано од страна на медиумите. Откако не настапи од 21 февруари поради повреда на коленото, прашањето е во каква форма ќе биде за предизвиците кои ги носи натпреварот во Англија.

Прочитајте и:  Трамп објави за затворање на Орумскиот теснец

Слична ситуација е и со Џуд Белингем, кој имаше подолга пауза. Последно настапи на 1 февруари против Рајо Ваљекано, а потоа се повреди во грбот.

На спискот на повредени играчи е и Алваро Карерас, кој поради повреда на листот ги пропушти последните два меча.

Foto/ depositphotos