Мајк Флуит, CEO на McLaren, неодамна призна дека британската фирма размислува сериозно за можноста да лансира модели со погон на сите четири тркала.
Причината за тоа е многу едноставна – автомобилите на фирмата се приближуваат се повеќе до лимитот на адхезија со висока моќност само со погон на двете тркала. Ако до такво решение дојде, McLaren нема тоа да го направи на конвенционален начин на пренос на сите четири тркала. Наместо класично 4х4, Британците ќе вградат еден електромотор кој ќе ги управува предните тркала, а ќе подготват бензински турбо агрегат за задната оска.
Со додавање на уште компоненти тежината ќе се подигне, затоа во McLaren ќе ја поедностават задната суспензија и ќе има посебен оддел за монтирање на моторот со внатрешно согорување.